интонира (св. и несв.)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Стариот го интонира тржествено гласот, како да му поверува нешто драго и живо на Пискулиева, а тој
одговара скромно, здржано, но сепак свесен дека ја заслужува таа верба.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во овој случај комуникацијата не ѝ се упатува на публиката која всушност е институционална единица, туку на толпата која ќе го заземе нејзиното место. Читлив и проповеднички интониран говор во ваков миг е невозможен и би можел само да предизвика шокови и сцени.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Една срничка разиграно трепка,барајќи топол поглед,нежен мајчински допир, топла и искрена прегратка...во растурените свилени крошни, интонирани со свежи и убави бои, какви може да ги даде мајката природа...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)